По долгото и напорно патување кое во овдешната јавност предизвика гнев и критики кон РФМ, македонските ракометари вчера доцна попладне пристигнаа во Севиља и денеска ќе истрчаат на тренинг во салата Сан Пабло. Во неа утре започнуваат натпреварите во групата Б на Светското првенство и тоа токму со нашиот меч против Чиле. Ракометарите ќе одржат само еден тренинг пред дуелот што утре започнува во 15 часот и 45 минути, а по него селекторот Звонко Шундовски ќе го определи нашиот состав кој, од позиција на фаворит, ќе влезе во дуелот со јужноамериканците.
Што се однесува до стартот на 23. машки ракометен мундијал, тој е предвиден за денеска, со средбата од конкуренцијата Д меѓу домаќинот Шпанија и Алжир. Натпреварот во Мадрид е од 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


