Повеќе од 300 граѓани денеска ги посетија просториите на Владата и имаа можност да се запознаат непосредно со начинот на работа во рамки на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“, што е дел од „Деновите на отворена Влада“.
Посетителите ги посетија салата за билатерални средби, кабинетите на премиерот и потпретседателите, Генералниот секретаријат и Дебатната сала.
– Суштината е да се покаже полна транспарентност која се практикува во функционирањето, да може преку црвениот тепих граѓаните да дојдат во Владата за да се запознаат со амбиентот и да може да присуствуваат на некои од настаните. Да се создаде една позитивна интеракција бидејќи, сепак, ова е влада на граѓаните и добро е тие да се запознаат со нејзиното функционирање – изјави владиниот портпарол Александар Ѓоргиев.
Денешната манифестација се совпадна и со церемонијата на менување на државното знаме, така што ученици и граѓани имаат можност да присуствуваат и на тој чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.