
„Половина век сеќавање – засекогаш“ е насловена изложбата на фотографии во спомен на 50-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, која вчеравечер беше отворена во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија.
Автор на 22-те антологиски фотографии, снимени во Скопје непосредно по земјотресот од 26 јули 1963 година, е Томислав Петернек. Во присуство на многубројните гости од културно-уметничкиот живот во Софија и претставници на дипломатскиот кор во Бугарија, изложбата ја отворија директорите на центрите, Васко Шутаров и Роберт Јанкулоски.

КИЦ оваа година реализираше повеќе од 50 проекти од сите дејности на културата. Посебен интерес предизвикаа првото учество на Македонија на големата поетска манифестација на европските литератури „Литературна ноќ“, предавањето на Венко Андоновски на Филолошкиот факултет на Софискиот универзитет, литературните портрети на академик Митко Маџунков и претставувањето на творештвата на Јовица Тасевски-Етернијан, Михаил Ренџов и Радован Павловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


