Тој наведе дека буџетскиот дефицит на Шпанија и понатаму е многу висок и дека земјите-членки на еврозоната дури за неколку години ќе успеат, доколку ги спроведат сите договорени реформски мерки, да ја стабилизираат економската ситуација.
Приходот од шпанските државни обврзници повторно почна да расте, а инвеститорите предупредуваат дека земјите-членки на еврозоната малку работаат на заздравувањето на економската клима.
– Економијата на еврозоната се наоѓа во рецесија и поради тоа се додека ситуацијата не се подобри и не почне растот, инвеститорите ќе бидат воздржани, посочува Паркерт.
Економската активност во Шпанија се намали во последниот кварт од минатата година за 0,7 отсто во споредба со претходното тримесечје. Шпанија, годинава според владините проекции, треба да го намали буџетскиот дефицит на 4,5 отсто, но поголемиот број домашни и странски економисти оценуваат дека таа цел, во услови на продолжена рецесија, е неостварлив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето