
Македонски државјанин е приведен на граничниот премин Табановце при обид да пренесе половина килограм марихуана во тетрапак сокови.
Според соопштението од царинската управа, вчера на Табановце бил претресен автобус кој сообраќал на релација Тетово- Берлин. При контролата поради сомнително однесување претресен е и македонскиот државјанин Г.Д. Во неговата патна торба, покрај личната гардероба пронајдена е и најлон кеса со јадење и 2 тетрапак сокови со невообичаена тежина, што било индикација за преглад на тетрапак соковите.
При прегледот, во нивната внатрешност пронајдена се три пакувања обвиткани со салотејп трака, наполнети со зелена тревкаста материја од непознато потекло, со тежина од околу 500 грама. По извршеното вештачење од страна на МВР, утврдено е дека станува збор за марихуана. Исто така во торбата на лицето Г.Д. пронајдени се и 47 празни зипер кесички кои се користат за пакување и продажба на марихуана.
Осомничениот откако претходно ја набавил марихуаната тргнал од Велес за Скопје, од каде требало да патува за Берлин каде имал намера да остане за да работи, а марихуаната требало да ја пренесе до Берлин-Германија и да ја предаде на лице кое работи во тој град.
На ваков начин пријавенот заради продажба неовластено, држел и пренесувал наркотична дрога-марихуана со што сторил кривично дело ,,Неовластено призводство и пуштање во промет на опојни дроги психотропни супстанци и прекурсори“. Против сторителите Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело до надлежното Јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


