| четврток, 6 декември 2018 |

Деветгодишно девојче роди бебе во Мексико

Деветгодишно девојче родило девојче во мексиканската сојузна држава Халиско, откако забременила од девет години постаро дете, соопштија мексиканските медиуми.

– Девојчето имало нешто повеќе од осум години кога затруднело. Таткото е момче на 17 годишна возраст, но не можеме да го најдеме затоа што побегна, рекла мајката на девојчето.

Претставник на обвинителството во Халиско информира дека властите трагаат по момчето за да ја слушнат и неговата страна, за да се утврди дали станува збор за силување или сексуално злоставување.

Девојчето се породило на 27 јануари, а бебето било тешко 2,7 килограми. Двете биле пуштени од болница во добра здравствена состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top