Парагвај против Шпанија 0-14 на полувреме, што веројатно е светски рекорд на женските мундијали во ракомет. За 30 минути игра ниту еден гол во противничката мрежа, иако на крајот на мечот апсолутните аутсајдери од Јужна Америка стасаа до 9 гола и пораз од 9-29.
Шпанските ракометарки обезбедија пласман меѓу 16 најдобри репрезентации на Светското првенство во Србија, а ќе остане вистински раритет, подвигот да не примат гол во цело едно полувреме. Парагвај имаше и полош биланс на голови во првиот дуел против Полска кога постигнаа само 6 гола и претрпеа висок пораз од 6-40.
На мундијалот има 5-6 селекции што се многу слаби според квалитетот и служат како топовска храна за останатите репрезентации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето


