Мируваа мрежите во Лачи, Албанија, на контролниот натпревар меѓу домашната селекција до 21 година и македонските фудбалски надежи.
Избраниците на селекторот Бобан Бабунски кои се подготвуваат за новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Чешка за две години и покрај шансите не ја затресоа мрежата на Албанците.
И нашата одбрана беше цврста, па мечот што се играше од 14 часот заврши без голови.
Македонија, на неодамнешната ждрепка во Нион се најде во групата 8 со Португалија, Норвешка, Израел и Азербејџан, во квалификацсикиот циклус за настап на ЕП во Чешка, 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.