| четврток, 6 декември 2018 |

Министерот Ивановски заглавен на аеродромот во Истанбул

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, треба да учествува на првиот состанок на Независниот панел за иднината на глобалната интернет соработка, кој ќе се одржува денес и утре во Лондон.

london magla aerodrom

Аеродромот во Лондон денес

Сепак, поради густата магла која го зафати главниот град на Велика Британија, летот на министерот Ивановски беше одложен. Тој преку „Твитер“ се пожали дека е заглавен на аеродромот во Истанбул.

ivo ivanovski

Неодамна, министерот Ивановски беше поканет за член на панелот од страна на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), а покрај него на состанокот ќе учествуваат и голем број познати имиња кои ќе бидат дел од настанот, меѓу кои Мохамед ал Ганем, основач и генерален директор на Телекомуникациската регулаторна управа во Обединетите Арапски Емирати, Винт Церф, потпретседател на „Гугл“, Фади Чехаде, извршен директор и претседател на ICANN, Џими Велс, коосновач и промотор на „Википедија“, Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа и поранешен премиер и министер за надворешни работи на Норвешка, Мичел Бејкер, од Фондацијата „Мозила“, Томас Илвес, претседател на Естонија и поранешен дипломат и новинар и многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top