| четврток, 6 декември 2018 |

Скап пораз за Јуве во Истанбул, дупката е 30 милиони евра

Скап е поразот на Јувентус во Истанбул од Галатасарај, што значеше елиминација од Лигата на шампионите и дупка во буџетот од 30 милиони евра. Толку според проекциите ќе зијани „старата дама“ од неучеството во понатамошните натпревари во ексклузивното натпреварување. Италијанските медиуми на шега велат дека ќе треба да се прави ребаланс на буџетот во Торино, а најмногу од загубените милиони ќе треба да покријат спонзорите и продажбата на играчи.

Јувентус ќе надомести мал дел ако успее да стаса далеку во Лига на Европа, особено ако ја освои во финалето закажано токму во Торино, но тоа ни оддалеку нема да ја пополни дупката од 30 милиони евра.

Лани „старата дама“ заработи најмногу од сите екипи што учествуваат во Лигата на шампионите, точно 65 милиони евра, и интересно повеќе дури и од европскиот првак Баерн Минхен. Тоа е поради одличниот договор за телевизиски права, па и покрај елиминацијата на Јуве од Баерн во четврт-финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top