Во Скопје денеска ќе бидат одржани консултации за прашања за ЕУ меѓу делегации на министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Република Бугарија, на покана на македонското МНР.
На консултациите ќе се разговара за продлабочување на соработката во контекст на евроинтеграциите и интензивирање на дијалогот на експертско ниво за пренесување на бугарските искуства од пристапниот процес, во рамките на меморандумот за соработка во евро и евроатлантската интеграција меѓу владите на двете земји.
Ќе бидат презентирани и тековните активности во клучните области од пристапниот процес на Република Македонија, подготвеноста за почеток на пристапните преговори и важноста на бугарската поддршка во овој контекст, соопшти македонското МНР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.