| четврток, 6 декември 2018 |

Политички консултации меѓу МНР на Македонија и Грција

mnr

Во рамките на спроведувањето на мерките за градење доверба меѓу Грција и Македонија, вчера во Солун се одржа втор круг од политичките консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји, соопшти денеска грчкото МНР.

Консултациите ги предводеле политичкиот директор во грчкото Министерство за надворешни работи, амбасадорот Петру Мавроиди и државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Елена Кузмановска.

Како што соопшти грчкото МНР, за време на средбата, двете страни размениле мислења и за состојбите во регионот и го разгледале напредокот забележан во спроведувањето на мерките за градење доверба.

Консултациите се одржале во пријателска и конструктивна атмосфера и било договорено следната рунда разговори да се одржи во Скопје, кон крајот на годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top