| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на ДУИ на консултации кај Иванов

­

 

133550450

Како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов одржува средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Иванов претходно имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците. Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите. Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО­Д-ПМНЕ Никола Груевски.

ali ivanov

На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА. Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по неговите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.

Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top