| четврток, 6 декември 2018 |

По дополнителните консултации, продолжи координацијата во Собранието

По пауза од еден час за дополнителни консултации, во Собранието на Република Македонија продолжи координативната средба за собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На координацијата се уште не е постигнат договор за претседател на Комисијата.

Утврден е само бројот на членовите со кои парламентарните групи  ќе бидат застапени во неа. Согласно договореното, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден чен.

Координативната средба почна завчера, а на вчерашното продолжение беше одлучено да се одложи за денеска.

Утврдувањето на предлогот за состав на Комисијата  за прашања на изборите и именувањата е предуслов за продолжение на конститутивната собраниска седница која почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината, бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top