Советот за радиодифузија во врска со настаните околу споменикот на цар Душан ги потсетува медиумите на обврската за почитување на професионалните новинарски стандарди и за поттикнување на духот на толеранција при известувањето.
„Од исклучителна важност е кога се информира за теми што ги допираат меѓуетничките односи, каков што е случајот со известувањето за настаните што се поврзуваат со поставувањето на скулптурата на цар Душан, при што може да се појават и изјави со елементи на дискриминација или дури и на говор на омраза, за нив да се обезбеди дополнителен контекст. СРД особено обрнува внимание на телевизија ’Алсат-М‘, при известувањето да ги почитува професионалните новинарски стандарди и да избегнува користење на сензационализам, со цел да не се разгоруваат меѓуетнички тензии и очекува при информирањето за оваа тема да се задржи неутралниот тон на известување“, се вели во соопштението од регулаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.