Полицијата предмалку извести дека реагирала до Советот на честа на Здружението на новинарите поради начинот на известување за инцидентите во автобусите.
ЗНМ ја одби преставката бидејќи новинарот Валмир Кучи, кој го направила прилогот не е член на ЗНМ.
Во продолжение, интегралната преставка на МВР:
„Министерството за внатрешни работи цени дека известувањто на Телевизија АЛСАТ и новинарот Валмир Кучи од 19.11.2013 година е крајно непрофесионално, неточно и постои ризик истото да предизвика ширење на меѓуетничка нетрпеливост. Во прилогот насловен „МВР расчисти два од трите инциденти во автобусите на ЈСП “ новинарот на крајот констатира „идентификувањето и апсењето само малолетни албанци уште повеќе ги подгрева гласините за селективно и етничко работење на МВР“ . Ваквата констатција е крајно неоснована и паушална. Со неа се предизвикува штета на угледот на Министерството, а се нарушува и довербата која макотрпно е градена меѓу граѓаните од сите етнички групи.
Министерството осомничените сторители на кривични или прекршочни дела никогаш не ги делело по етничка основа, како што не ги делело по етничка основа ниту граѓаните кои биле жртви и оштетени. Секогаш сме постапувале и ќе постапуваме крајно неселективно, а единствената поделба која што ја правиме дали некој ги почитува законите или постапува спротивно на нив. Во ниеден момент Министерството за внатрешни работи не ја соопшти етничката припадност на жртвите, односно оштетените во минатонеделните инциденти. Исто така, внимававме и при соопштението кое што го испративме до медиумите откако беа расчистени два од трите насилнички напади во автобуси на ЈСП,
односно откако беа идентификувани сторителите. Сето тоа докажува дека за нас е ирелевантно етничката припадност и дека секој кој постапува спротивно на законот без разлика на која етничка група и припаѓа ќе биде изведен пред лицето на правдата.
Тезите кои ги промовира новинарот Валмир Кучи и Телевизија АЛСАТ се исклучително сериозни и опасни помеѓу етничкиот соживот и го зголемуваат ризикот од натамошни поделби и инциденти.
Затоа, МВР бара Вашата асоцијација да го осуди ваквиот непрофесионален пристап во работењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?