– Многу често бевме прикажувани како партија која не им мисли на добро на Албанците. Но, ние направиме многу работи за Албанците, исклучиво добри дела – изјави вечерва Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ кој гостува на телевизијата „Алсат-М“.
Груевски вечерва во интервјуто во емисијата „200“ изјави дека во периодот на владеење на ВМРО ДПМНЕ работеле многу работи кои се важни за реалниот живот на граѓаните и се труделе да ги решаваат проблемите.
– Не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци, Турци… За сите делевме субвенции. Паралелно на тоа се водеше силна медиумска кампња против ВМРО ДПМНЕ и мене како претседател на партијата, дека сме националисти и шовинисти. Ние мислевме дека Албанците не не перцепираат така – рече Груевски.
Груевски потсети дека само во четири големи општини каде што живее доминантно албанско население биле отворени 25. 000 работни места во последните 9 години.
– Во Тетотво имаме 7.350 повеќе вработени споредено 2006 година (59%), во Гостивар 5.620 повеќе вработени споредено со 2006 година (76%), во Боговиње 1.100 повеќе вработени споредено 2006 година (17%), во Кичево 3.600 повеќе вработени споредено со пред десетина години (49% ). Слично е во Струга, 4.000 повеќе работни места 53% зголемување на вработеноста, Куманово 8.000 нови работни места (53%), во Арачиново вработеноста е зголемена за 25%, во Чаир за 15%. – рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница