Шампионот на Европа, Баерн Минхен ги предводи најдобрите 16 екипи во овој циклус од Лигата на шампионите, со малку изменет формат и нокаут фаза што почнува со осминафиналето.
Во Нион, Швајцарија, во понеделник на 16 декември ќе биде извлекувањето на двојките за нокаут фазата, а веќе се познати сите учесници. Во групата со осум носители се победниците по групи, а второпласираните тимови ќе им бидат можни противници. Во осминафиналето не можат да играат меѓусебе екипи што се од иста земја, ниту, пак, тимовите што беа во иста група во првата фаза во Лигата на шампионите што заврши со вчерашните осум натпревари.
Група на привилегирани екипи: Баерн, Барселона, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Челси и Пари Сен Жермен.
Група на неносители: Арсенал, Манчестер сити, Милан, Шалке 04, Баер Леверкузен, Галатасарај, Олимпијакос и Зенит.
Во осминафиналето ќе се играат два натпревара по принципот дома, на гости, а на првите дуели домаќини ќе бидат второпласираните состави од фазата по групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)