Потпретседателот на Демократската партија на Србија (ДСС), Милош Алигрудиќ, изјави дека не може да се постигне задоволително и трајно решение за ситуацијата во Косово, доколку дијалогот меѓу Белград и Приштина се води со посредништво на Европската унија, јави Танјуг.
За време на разгледувањето на ситуацијата во Косово на заседанието на Политичкиот комитет на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа во Париз, Алигрудиќ рече дека „ЕУ ја уценува Србија со т.н. европески пат, за да постигне противуставни и незаконски договори со Приштина“ и на тој начин да ја натера Србија да се откаже од дел од својата територија.
– Само дијалог за статусот на Косово со посредништво на ОН може да даде траен резултат, изјави потпретседателот на ДСС, чиј лидер е поранешниот српски премиер Воислав Коштуница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба