Најмалку едно лице загина, а петмина се повредени денеска кога градежен кран падна врз еден супермаркет преполн со луѓе во германскиот град Бад Хомбург во провинцијата Хесен, делумно разурнувајќи го објектот.
Полицијата информира дека повредените, од кои двајца се наоѓаат во тешка состојба, веднаш биле пренесени во болница.
Портпарол на противпожарната служба информира дека неколку луѓе останале затрупани под урнатините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.