| четврток, 6 декември 2018 |

Можеме ли да го контролираме апетитот?

hrana

Роберт Аткинс, кој ја создаде високопротеинската диета верувал дека со намалување на внесот на јаглехидратите ќе го спречи шеќерот да се преработи во масни наслаги, додега вишокот на протеини ги тера бубрезите да работат и така да трошат повеќе калории. Единствена врска која досега е докажана е дека протеините и кај луѓето и кај животните го намалуваат апетитот и го контролираат гладот.

Мозокот и неуроните се направени од масти, но, меѓусебно комуницираат по пат на протеините. Хормоните и ензимите кои предизвикуваат хемијски промени и ги контролираат сите процеси внатре во организмот, се исто така изработени од протеини. јаглехидратите, кои се всушност главен извор на енергија, му се потребни на мозокот, можат да ве направат уморни и гладни, бидејќи го зголемуваат нивото на амино-киселините, триптофоните кои го смируваат организмот. Протеините, од друга страна помагаат во лечењето на норадреналинот и допаинот, кои ја одржуваат будноста и ја поттикнуваат активноста.

Нутриционистите советуваат да се јадат млечни производи со мал процент масти, мешунки, риба, пилешко и црвено овошје како најдобри извори на протеини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top