| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер сити го изненади европскиот првак Баерн

Манчестер сити го изненади европскиот првак Баерн и му го нанесе првиот пораз во овој циклус од натпреварите во Лигата на шампионите. Со 3-2 славеа гостите од Англија во Минхен и се реваншираа за поразот на домашен терен со 1-3 во Д групата. Двете екипи одат понатаму во нокаут фазата.

Многу оган се очекуваше во Истанбул, на дуелот меѓу Галатасарај и Јувентус, но се случи сосема спротивното. Обилниот снег го прекри теренот и мечот е прекинат во 34. минута при резултат 0-0.

juven

Дуелот што директно одлучува која екипа ќе игра во следната фаза од ЛШ треба да се доигра утре, а почетокот е закажан за 13 часот.

Во останатите мечеви вечерва пласман во нокаут фазата обезбедија и Баер Леверкузен со победа од 1-0 во Шпанија против Реал Сосиедад и Олимпјакос кој славеше на домашен терен со 3-1 против Андерлехт. Претходно пласман меѓу 16 најдобри екипи во Европа имаа обезбедено Реал Мадрид, кој славеше со 2-0 против ФК Копенхаген, Манчестер јунајтед, кој победи со 1-0 против Шахтар и Пари Сен Жермен, иако вечерва загуби во Лисабон од Бенфика со 1-2. Португалците извисија заради полошата гол-разлика во трката со Олимпјакос и ќе продолжат во Европа Лигата на УЕФА.

Во последниот меч од денешната програма Плзен со 2-1 ја победи ЦСКА од Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top