Истанбул ќе гори вечерва, а фудбалски спектакл и битка до последен здив најавуваат Галатасарај и Јувентус. Влогот е голем и значи презимување во Европа и пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Домашниот тим има 4 бода, идентично како и ФК Копенхаген, кој го пречекува лидерот Реал Мадрид, а Јувентус е два бода пред конкурентите и зад „кралскиот клуб“, кој е сигурен патник во следната фаза.
“Премногу се споменуваат навивачите на Галатасарај и пеколната атмосфера во Истанбул. Јас реков и во Глазгов, каде е слично, дека навивачите не можат да дадат гол. Барем досега тоа не се случило. Се зависи од нас и од начинот како ќе реагираме на притисокот од трибините. Одиме на победа без калкулации, иако ни одговара и реми“, вели Пјерлуиџи Буфон. Јувентус со скромни игри го доведе под знак прашалник пласманот во следната фаза во ЛШ, но сега има чиста ситуација и со реми оди понатаму. Галатасарај мора да победи и да се надева дека ФК Копенхаген нема да го декласира Реал Мадрид со поголема разлика.
Голема предност на турскиот преставник е што Андреа Пирло нема да настапи за „старата дама“ од Торино.
„Кога беа познати составите на групите, речиси сите велеа дека Реал и Јувентус сигурно ќе одат понатаму. Сега имаме шанса и знам дека Галатасарај може да се пробие во следната фаза. Во наши раце е подвигот и презимувањето во елитното натпреварување“, изјави Фелипе Мело. Тој е поранешен член на Јувентус, а играше за гигантот од Торино две сезони, пред да се пресели во Истанбул, во редовите на Галатасарај.
Двојки за вечерва, последно коло во фазата по групи:
А група – Манчестер јунајтед – Шахтар, Реал Сосиедад – Баер Леверкузен
Табела: Манчестер ј. 11, Шахтар 8, Баер 7, Реал Сосиедад 1.
Б група – Галатасарај – Јувентус, ФК Копенхаген – Реал Мадрид
Табела: Реал 13, Јувентус 6, Галасарај и ФК Копенхаген по 4.
Ц група – Бенфика – ПСЖ, Олимпијакос – Андерлехт
Табела: ПСЖ 13, Олимпијакос и Бенфика по 7, Андерлехт 1.
Д група – Баерн – Манчестер сити, Плзен – ЦСКА Москва
Табела: Баерн 15, Манчестер сити 12, ЦСКА Москва 3, Плзен без бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Прв триумф на Металург во Лигата на шампиони
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)