По пет години успешно другарување на сите културни и градски случувања, добро познатиот македонски бренд „Лотус“ на дизајнерката Анита Гај на 13 декември се сели во нова попап-продавница, која ќе биде во „Скопје сити мол“.
Продавицата „Лотус генерација“ е на Анита Гај, во соработка со уметницата Нина Нинеска и нејзиниот бренд на уникатни светилки „Космик лајт“.
Заедничката соработка почна пред неколку години кога „Лотус“ стана дел од инсталацијата „Дрвото на животот“ на Нинеска, која беше лоцирана на тревникот покрај градскиот плоштад „Македонија“. Соработката се обнови годинава, во заеднички производ „Лотус“ столче инспирирано од дизајнот на светилкaта „Снегулка“ презентирани на скопската Недела на дизајнот оваа година.
Анита Гај годинава е поддржана со донација од Министерството за култура во областа на креативни индустрии, која Министерството ја додели првпат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.