Дубаи го претстави најбрзото амбулантско возило во светот – „лотус евора“ со максимална моќност 264 коњски сили. Суперавтомобилот ќе може да се движи до пациентите со максимална брзина од 300 км/ч и најверојатно е најбрзото копнено возило во светот кое транспортира медицинска опрема.
Иако малиот багажник на „лотусот“ не е доволно голем за да собере пациент, тој е доволно голем за поголем дел од медицинската опрема што ја транспортираат поголемите амбулантни возила. Со тоа возило апаратите за мерење пулс и крвен притисок, дефибрилатор, опрема со кислород и комплет за прва помош ќе можат да се движат побрзо од кога било до пациентите.
Според болничари, суперавтомобилот може да стигне до пациентите, меѓу две и четири минути побрзо во споредба со обичните амбулантни возила, иако застојот во Дубаи може да ги усложни тие пресметки. Некои луѓе, сепак, се сомневаат во потребата за толку брза реакција од автомобил за прва помош.
Според „Вајрд“, повеќето студии покажуваат дека секоја реакција по повеќе од 5 минути не дава речиси никаков ефект врз морталитетот. Покрај тоа, високите брзини во градскиот сообраќај може да стават во поголема опасност 50 болничари, кои се обучуваат да возат автомобил, бидејќи тие во никој случај не се професионални возачи. Автомобилот е прикажан на саем во Дубаи.
Два автомобили „форд мустанг“, исто така, ќе бидат користени како амбулантни возила. Граѓаните на Дубаи се навикнати на службени суперавтомобили бидејќи полицијата располага со цел возен парк од луксузни автомобили, меѓу кои „астон мартин уан-77“, „бентли континентал Г“ и „ферари ФФ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.