Македонскиот пејач Димитар Андоновски пред неколку дена го сними новиот видеоспот за песната со која настапи на последниот „Скопски фестивал“ и со која го освои третото место.
Екипата на „Горила продукција“ за снимањето одбра посебни и досега неискористени локации, па Диме во новото видео ќе го видиме и како јава на коњ. Видеоспотот се снимаше на голема ергела во околината на Скопје.
Баладата „Ако ме боли“ е една од малкуте песни од ова издание на фестивалот кои постојано се вртат по македонските радија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








