
Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со услови за краткотрајни дожд и снег, а на планините ќе паѓа снег. Ќе дува умерен, а во источните делови повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од три до девет степени.
Во Скопје ќе преовладува облачно време. Во претпладневните часови ќе има услови за краткотраен дожд, а повремено некаде и со краткотраен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


