| четврток, 6 декември 2018 |

Земјоделците од Струмичко започнаа со загревање на оранжериите

 

oranzerii-piper

Земјоделците започнаа со затоплување на расадите.Околу стотици метри кубни дрва ќе потроши секое земјоделско семејство за парното во оранжериите каде се одгледуваат раноградинарските култури. Тие деноноќно ги ложат печките со цел да го спасат производството од студот кое како инвестиција ги чини околку десетици илјади евра – објави Канал 5.

Според експертите производството на првата култура е доста сложен процес, но само рутина за искусните земјоделци. Одржувањето на оптимална температура е различно во зависност од тоа во која фаза на растење е расадот, па затоа и земјоделците толку време и пари трошат за негово производство.

Долг пат до готов зеленчук ги чека земјоделците од струмичките села кои следните три месеци ќе дежураат во смени за да произведат први во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top