| четврток, 6 декември 2018 |

Печалбар од Струмичко пронајден мртов во Швајцарија

l_65sq-640x286

Под чудни и сѐ уште неразјасенти околности завршил живото на 57-годишниот Никола Хаџиев од Струмичко, кој годинава заминал на печалба во Швајцарија.

Без никакви претходни знаци дека нешто чудно се случува или дека има проблем со работата тој исчезнал на 10 јули. Членовите на неговото семејство не можеле да стапат во контакт со него, па по еден месец го пријавиле неговото исчезнување на полициските власти во Швајцарија, кои по само неколку часа известуваат дека се пронајдени остатоци од човечко тело на планината Онсерноне, кои според првичните информации му припаѓаат на Хаџиев.

Веста денес први ја објавија швајцарските медиуми. Како што пишува и весникот ТИО, смртта настанала под чудни и сѐ уште неразјасенти околности, а во текстот се напаѓаат одговорните на фирмата каде што работел, бидејќи не покажале одговорност и не пријавиле дека долго време го нема на работа. Без никакво предупредување и без истражување, пишува весникот.

Блиски роднини на починатиот печалбар за Струмица денес ја потвриле информацијата и рекле дека очекуваат целиот случај за кратко да биде разрешен. Случајот ќе го водат швајцарските власти, дури потоа телото ќе биде испратено во Македонија за достојно да биде погребано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top