| четврток, 6 декември 2018 |

Уште едно лице е повредено во несреќата кај струмичко каде загинаа две лица (фото)

Две лица загинаа во сообраќајната несреќа што се случи изутринава во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево.

Според информациите од струмичката итна помош, двете лица животот го загубиле на самото место. Уште едно лице е потешко повредено и е префрлено на хируршкото одделениже во болницата во Струмица. Засега нема информации за други повредени.

soobrakajka-mia2

Сообраќајката според првичните сознанија се случила при директен судир на патничко моторно возило пасат со штипски регистарски таблички и камион.

soobrakajka-mia3

Истражните органи треба да утврдат како дошло до несреќата.

AМСМ информира дека поради сообраќајната несреќа  сообраќајот на патот Струмица – Радовиш е во прекин во двата правца.

soobrakajka-mia4

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top