| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да наведе проект што го направил за уметниците

vmro-dpmne-sdsmОбид за собирање на ситни политички поени. Вака ВМРО-ДПМНЕ ја оценува прес-конференција на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

Претседателот на Советот за култура Алаѓозовски обвини дека хористите во Македонската опера и балет се дискриминирани и работат во лоши услови. На прес-конференција рече дека 90 проценти од хористите имаат проблеми со дишните патишта поради присуството на азбест во завесите, а обвини и дека нивните плати се пониски за околу 37 проценти од вработените во Оркестарот и Балетот.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикаа СДСМ да наведе еден проект којшто го направил за уметниците. Се наведува дека во поглед на културата имаат реализирано многу повеќе проекти отколку СДСМ. Во тој контекст ги посочува решавањето на статусот на повеќе од 200 уметници од МОБ, зголемувањето на платите на вработените и на средствата за програмските содржини и модернизацијата на технологијата и механизацијата во МОБ.

– Би сакале да истакнеме дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ е посебно горда со реализацијата на проектот Стар Театар со кој се гордее и целата јавност, бидејќи повторно заживува духот на театарот кој некогаш го красел Скопје. Исто така Владата на ВМРО-ДПМНЕ е горда на сите капитални инвестиции кои ги има реализирано во областа на културата, се вели во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top