Општина Росоман побара од Владата и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се пролонгира рокот за поднесување документи за легализирање на државната земја која во изминатите години се обработувала без да се плаќа надомест, посочи градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.
– Рокот за поднесување на соодветна документација за легализирање на користењето на државни ниви засадени со долгогодишни култури од страна на земјоделците истекува на 14-ти, овој месец. Тие побараа од нас да се пролонгира овој рок бидејќи бироата во кои треба да им изготват соодветни елаборати, неопходни во постапката, имале работа и не можеле да одговарат на време на барањата на сите заинтересирани земјоделци. Во интерес на граѓаните ние бараме рокот за поднесување на соодветната документација во врска со легализацијата да се пролонгира до Нова Година- објасни Лазов.
Тој изрази надеж дека ова барање на општина Росоман ќе биде прифатено и оти сите земјоделци кои досега нелегално користеа државна земја ќе ја легализираат и ќе склучат договори за закуп од 25 до 30 години, плаќајќи и соодветен надомест на државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


