По 19 коло од Македонската прва фудбалска лига екипите на Турново и Пелистер со денешните победи се најдоа на врвот на табелата.
Турново со хектрикот на Блажевски во вториот дел успеа да и донесе на својата екипа значајна победа во борбата за есенската титула против екипата на Работнички. Сепак во последниот дуел од ова коло кој се игра на арената Филип втори Вардар во 17.00 часот со победа против Шкендија ќе стане есенски шампион.
Пелистер без поголеми проблеми ја победи екипата на Напредок со 4-0. Со оваа победа Пелистер го држи чекорот за врвот на табелата и најави дека е сериозен кандидат за освојување на титулата во македонското првенство.
Првиот гол за Пелистер го даде Мојсов во 27 минута од првото полувреме. Во вториот дел беа постигнати уште три гола.
Воденичаров беше двоен стрелец 74 и 80 минута. Во финишот на мечот Алтипармаковски го постави конечниот резултат во 86 минута.
Резултати од 19 коло во ПМФЛ:
Хоризонт Т. – Работнички 3-0, Пелистер – Напредок 4-0, Македонија ЃП – Гостивар 4-0, Еуромилк ГЛ – Металург 0-0, Ренова – Брегалница 3-1.
Последниот натпревар од ова коло се игра во 17.00 меѓу Вардар и Шкендија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Спасени четворица кои биле завеани од снег на Пелистер
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)