Сегашната нервоза на власта е затоа што го наслушнува расположението на граѓаните,смета заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа на синоќешната трибина во Кавадарци нагласи дека Македонија станала држава со повеќе споменици, а сè помалку народ.
-На сметка на другите градови, Скопје се централизираше и половина милијарда евра се вложија во централното градско подрачје, а со тие средства ќе ги изградевме Чебрен и Галиште. Живееме во држава во која вчера беа затворени 6.000 фирми, во која новинари седат во притвор, градоначалници на власта шверцуваат ловечка муниција, а власта не реагира. Македонија стана земја во која секојдневно се газат и кратат работничките права, земја на голема социјална раслоеност, каде што голем е јазот меѓу сиромашните и богатите граѓани. Мерките на СДСМ мора да станат македонска реалност – рече Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.