| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите навредени и изненадени од српски министер – им барал поткуп

Vlada-Srbije2

Српски министер предизвикал меѓународен скандал со што ги нарушил односите со Кина. Тој се дрзнал на претставници на кинеска компанија да им побара провизија од осум отсто за склучување зделка – објави српскиот „Ало“. Според медиумот станува збор за министер кој многу соработува со кинеските претпријатија и чие име и е познато на редакцијата, но во интерес на полициската истрага, која веќе е во тек, не се открива.

-Договорајќи зделка со кинеските бизнисмени, министерот, мртов, ладен, побарал провизија од осум отсто за себе. Кинезите биле изненадени и шокирани од постапката на министерот, но не реагирале избрзано, туку им се обратиле на своите власти – пишува „Ало“

Веднаш потоа, кинеската амбасада во Белград испратила депеша до српската Безбедносно информативната агенција (БИА) и до премиерот Ивица Дачиќ во кое било наведено дека станува збор за незаконско однесување кое би морало да биде санкционирано.

Редакцијата, прогнозирајќи ги штетите што би можела да ги има државата од овој „инцидент“, посочува бројни градежни проекти вредни над една милијарда долари, многу значајниот проект за изградба на автопатот „тежок“ 340 милиони долари, кој веќе бил верифициран во српскиот парламент, како и две концесии за изградба на патна инфраструктура вредни 700 милиони евра.

За потсетување, пред само неколку денови кинеските власти објавија дека во текот на годинава што изминува над 20.000 нивни функционери биле казнети поради неоправдано трошење на државните пари и корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top