Тимот на РК Металург победи на гостувањето во Загреб во рамките од СЕХА лигата против екипата на Загреб КО со 35-30.
Првпат сезонава во рамките од ова натпреварување настапи Дарко Станиќ и докажа зошто е еден од најдобрите светски голмани. Тој успеа дури 16 пати да ја спаси својата мрежа од ударите на противничките играчи.
Металург уште на самиот почеток ја презема иницијативата и успеа да се одлепи на четири гола разлика се до полувремето. Играше лесно и смирено во нападот каде главни актери беа Ренато Вугринец и Павел Атман. Во вториот дел Загреб успеа да се доближи на само два гола, но повторно на сцена стапи денес одличното трио Вугринец, Атман и Миркуловски кои со серија од три гола успеаа да се одлепат и рутински го доведоа натпреварот до крај.
Најзаслужни за победата се Вугринец со осум, Атман со седум и повратникот во тимот Миркуловски со пет гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



