Кошаркарите на МЗТ го доживеаа седмиот пораз во 11 дуел во рамките на Јадранската лига од екипата на на Широки Бријег со 67-63 по едно продолжение. На гостувањето МЗТ не успеа да победи и покрај тоа што на полувреме водеше со 18 поени разлика.
„Металците“ одлично го започнаа натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 4 коша разлика 13-17. Во вториот дел уште посупериорен настап. Му дозволија на противникот да постигне само седум поени додека МЗТ реализирање 22.
Второто полувреме започна со серија на домаќините. Иста слика само во обратна насока. Широки беше тимот што го диктираше темпото и ја искористи физичката неподготвеност на скопјани. Брзо Реализираше и одлично го чуваше својот кош. По завршувањето на третиот дел разликаата се стопи изнесуваше само шест за МЗТ. Домашните кошаркари осоколени од играта во третиот период фуриозно ја започнаа и последната четвртина. Беа решени да победат и во тоа успеаа по едно продолжение. На крајот од 40 минути резултатот гласеше 54-54. Лучиќ не успеа да реализира две слободни фрлања на 21 секунда до крајот, но за среќа и Широки преку Џонс не успеа да погоди.
Во продолжението серијата од 6-0 на домаќините беше пресудна за победа. Со оваа победа Широки ја прекина непријатната серија од четири порази по ред.
Најефикасен на паркетот беше играчот на МЗТ Лучиќ со 18 поени. Гечевски постигна 12.
Кај домаќините се истакна Џонс со 15 коша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



