Со мечот Бразил – Хрватска на 12 јуни во Сао Паоло почнува фудалското Светското првенство (СП) кое ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули идната година во Бразил. Така одлучи ждрепката што се одржа денеска во бразилското летувалиште Коста до Саипе.
Бранителот на титулата светски првак, репрезентацијата на Шпанија ќе ги одмери силите со Холандија, а дебитантот на Мундијалот селекцијата на БИХ ќе ги одмери силите со Аргентина.
Вкупно 32 селекции беа поделени во четири шешири по територијален принцип, а една од европските селекции од четвртиот се пресели во вториот шешир.
На ждрепката присустуваа голем број на поранешни фудбалски ѕвезди – Зидан, Каниџа, Канаваро, Лотар Матеус, Алсидес…
ГРУПА A: Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун
ГРУПА Б: Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија
ГРУПА Ц: Колумбија, Грција, Брегот на Слонова коска, Јапонија
ГРУПА Д: Уругвај, Костарика, Англија, Италија
ГРУПА Е: Швајцарија, Еквадор, Франција, Хондурас
ГРУПА Ф: Аргентина, БИХ, Иран, Нигерија
ГРУПА Г: Германија, Португалија, Гана, САД
ГРУПА Х: Белгија, Алжир, Русија, Јужна Кореја
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МРТ ги обезбеди правата за пренос на СП во ракомет
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)