| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна преработка на отпадот

marjan risteski

Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп

Во Прилеп ќе се гради фабрика за секундарна преработка на отпадот, а линијата за преработка на отпадот ќе чини 14 милиони денари. Ова го соопшти директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Златко Ристески.

– Во текот на 2014 година комплетно ќе ги завршиме изградбата на халата и монтажата на линијата кај сегашната депонија кај селото Алинци.  Треба во септември да почне да работи. Сиот отпад, 90 тони дневно, може да се селектира на таа линија – изјави Ристески.

Прилепски „Комуналец“ прв во Македонија  ја воведе примарната селекција на отпадот од домовите, подели и жолти и зелени канти за селекција на отпадот во домаќинствата. Сега е фазата на инвестирање во секундарната преработка.

За новата фаза  што ќе се заокружува наредните две години -производството на био гасови или електрична енергија од преработката на отпадот, заинтересирани се повеќе странски компании да влезат во јавно-приватно партнерство. Со нив се разговара и се преговара за едниот или двата система.

Локалните власти се убедени дека ги решаваат најбитните прашања за заштитата на животната средина.

– Со изградбата на канализациската мрежа и пречистителната станица наредните две години за третманот на отпадните води и со решавањето на проблемот околу отпадот, Прилеп ќе биде најквалитетен град за живеење во Македонија, вели градоначалникот Марјан Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top