
Денеска на 6 декември во 12.00 ч во Градски музеј Крива Паланка ќе биде отворена изложбата „Долгиот пат на една идеја – железничка линија Софија – Ќустендил – Скопје“. Изложбата преставува една ретроспектива на премрежињата при изградбата на железничката пруга – Софија – Ќустендил – Скопје и низ документи и фотографии ни го преставува нејзиниот историски пат, развој и прекин низ целиот 20 век.
Автор на изложбата е главниот асистент д-р Ангел Џонев, историчар во Регионалниот историски музеј во Ќустендил, Република Бугарија.
Изложбата, која е дел од манифестацијата Крива Паланка град на културата за 2013 година, ќе ја отворат Валентин Дебочички, директор на регионалниот Историски музеј од Ќустендил, Арсенчо Алексовски, градоначалник на општина Крива Паланка и Драган Величковски, директор на Градскиот музеј во Крива Паланка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


