| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка група за Зомимак, противници во Купот на ЕХФ им се Монпелје, Скјерн и Спортинг

Легендарниот голман на француската репрезентација, Тјери Омејер, ќе им биде гостин на струмичани, а неговиот сегашен тим Монпелје ќе му биде противник на Зомимак во групата Б од ракометниот Куп на ЕХФ. Со македонскиот и францускиот тим се и Скјерн од Данска и португалскиот состав на Спортинг од Лисабон. Интересно е што повторно струмичани ќе играат против дански тим откако во квалификациите за пласман во групите го елиминираа Архус. Данците се жалеа на прегрубата игра на ракометарите на Зомимак, ЕХФ најави и истрага, но тоа е веќе минато.

Првопласираните две екипи од четирите групи ќе се пласираат во четврт-финалето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top