| четврток, 6 декември 2018 |

„Ангелот“ со поган јазик

Манекенката на „Викорија’с сикрет“ Џесика Харт, наводно, ќе добие отказ поради непристојните коментари на сметка на пејачката Тејлор Свифт.

Младата кантри-везда пееше и прошета на годинашната ревија на марката „Викторија’с сикрет“ заедно со најубавите манекенки во светот.

Харт, која имаше чест да биде дел од „ангелите“, го критикуваше нејзиниот настап.

– Не мислам дека Тејлор се совпаѓа со нас. Таа е супер, но отскокнуваше од нас – рече Џесика.

На прашањето дали Тејлор може да биде манекенка, Џесика категорично рекла – не.

Како што пишуваа американските медиуми, поради овие коментари таа е отпуштена и нема веќе да ги носи крилјата на „ангелите“, но сепак претставниците на марката ги демантираа овие озборувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top