Левиот бек на РК Вардар, Алексеј Растворцев, беше успешно опериран во Словенија по повредата на лигаментите на левата рака на мечот со Металург во рамките од Лигата на шампионите. Тој се врати во Македонија и почна со рехабилитациската програма која треба да трае пет месеци. Првата контрола е најавена во јануари 2014 година кога тим од лекари од болница од Словенија треба да пристигне во Скопје.
Алексеј Растворцев е едно од најголемите засилувања на Вардар, кој напролет треба да бие битка на четири фронта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



