Принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед ал Нахјан на Копаоник ќе гради луксузен хотел од 10.000 метри квадратни во планински стил, пишуваат Новости.
Штом ќе заврши зимската сезона, Копаоник ќе стане “градилиште”, затоа што овој зимски центар ќе биде побогат за два репрезентативни објекти, во сопственост на шеикот Мохамед бин Зајед и тенисерот Новак Ѓоковиќ, наведува Вечерње новости.
Шеикот на местото на стариот хотел Југобанка ќе гради супермодерен објект во планински стил на 10.000 квадрати, а српскиот тенисер ќе инвестира во ски – центар.
Тимот на шеикот во мај следната година ќе почне со изградбата на хотелот. Хотелот, кој се очекува да биде вистинска туристичка атракција, ќе се гради од најскап и природен материјал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Федерер: Додека Ѓоковиќ е на патот, далеку е стотиот трофеј
-
Подготви два милиона евра, ако сакаш татко ти да го видиш жив – гласела пораката на киднаперите на дедо и на Јелена Ѓоковиќ
-
Агаси и Ѓоковиќ се разделија: Се согласивме дека не се согласуваме!
-
Ѓоковиќ го оперираше лактот, очекува комплетно закрепнување