| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнатото девојче Маја Блажевска ќе се бара со меѓународна потрага

СВР Охрид поднесе барање да се отвори меѓународна потрага по малолетната Маја Блажеска, која минатиот месец беше пријавена како исчезната во охридската полиција, објави „Охрид нет“. Инаку, уште од самото пријавување на исчезнувањето во СВР Охрид  е  оформен тим којшто има за задача да ги прибере сите сознанија корисни за настанот.

Четиринаесетгодишната Маја Блажеска од Лешани исчезна пред четири  недели. Замина од дома и од тогаш нема никаква трага ни глас од девојчето. Тоа ѝ беше второ напуштање на домот. Првиот пат замина кај момчето во Скопје, кој го запознала преку „Фејсбук“, но по пријавата во полиција се врати дома. Во разговорот со баба ѝ кажала дека ја напушта државата со дечкото, а тој во полиција кажал дека Маја не стигнала во Скопје.

Жителите на Лешани на 26 ноември ги пребараа околните села бидејќи, според информациите од полицијата, нејзиниот мобилен последно бил лоциран во тој регион на Дебарца.

Семејството Блажески молат за помош, да го најдат единственото чедо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top