Преставата „Стјуардеси“ на Театар Комедија в петок ќе биде премиерно изведена на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Режисер е Синиша Ефтимов, а претставата е работена по делото „Боинг боинг“ на Марк Камолети. Сценографијата и костимографијата се на Илина Ангеловска, а музиката е на Драган Ѓаконовски-Шпато.
Улогите ги толкуваат: Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски – Тино, Марија Кондовска, Нина Деан, Кристина Ласовска и Тања Мицков.
Дејствието се одвива во Скопје во 60-тите години од минатиот век.
– Се работи за една класична фарса. „Стјуардеси“ има седум врати и многу необјасниви ситуации. Бернард е успешен архитект, кој има фантастичен стан, домашна помошничка и ја има формулата за совршен, полигамен живот. Оваа формула се обидува да му ја претстави на својот најдобар пријател Роберт. Формулата за совшрен живот е да се има три стјуардеси од три различни компании, кои патуваат секој ден во Скопје и за секој ден има по една различна девојка вереница. Но, равенката многу брзо се распаѓа и сите непријатни ситуации се случуваат во еден стан, еден вереник, три вереници и неговиот најдобар пријател и Берта домашната помошничка која се труди да одржи се во најдобар ред – појасни Ефтимов.
Директорката на Театар комедија Јелена Жугиќ истакна се работи за прва камерна претстава на театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.