Работнички е последниот полуфиналист во националниот Куп на Македонија, по победата од 2-0 во реваншот со Пелистер. Битолчани пристигнаа во Скопје со еден гол предност, по првиот дуел што го добија со 1-0, играа бункер и на крајот не издржаа. Прв одбраната на Пелистер ја проби Имери во 76. минута, а пат во полуфиналето за „романтичарите“ осигури Крсте Велкоски со гол во 86. минута. До крајот остана малку време за поправен за гостите до Битола, па тие ги завршија борбите во Купот во четврт-финалето.
Со Работнички во завршницата се и Металург, Брегалница и ланскиот победник Тетекс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Спасени четворица кои биле завеани од снег на Пелистер
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)