| четврток, 6 декември 2018 |

Јохан се враќа дома – Ќе се оствари предвидувањето на „Република“?

На 13 март оваа година навршуваат  8 години откако  Јохан Тарчуловски е притворен од Хашкиот Трибунал со што тој се стекнува со право да биде ослободен.  За нецели 40 дена Јохан Тарчуловски ќе отслужи две третини од казната која Хашкиот Трибунал со што се создаваат услови тој да  биде пуштен и остатокот од 4 години да го одслужи дома.-Се­мејс­тво­то Тарчуловски со нетрпение го очекува март, кога треба да добијат од­го­вор на барањето до Хашкиот трибунал за ослободување на Јохан. Него го уапсија на 13 март, а на 16 март е префрлен во Хаг. Оттогаш се поминати осум полни години и поч­ну­ва деветтата, истекуваат две третини од изречената казна од 12 години затвор, а според досегашните искуства во Трибуналот, на сите барања за условен отпуст на затвореници што од­ле­жа­ле две третини од казната, било одговарано позитивно и биле ослободувани. От­та­му и надежта кај Соња и кај Јохан дека наскоро, конечно, ќе бидат заедно со нив­ни­те дечиња Мелани и Младен, објавува весникот Вест во утрешното издание.

Тарчуловски  беше уапсен и осуден за наводно убивање цивили во конфликтот во 2001 во скопското село Љуботен, заедно со Љубе Бошковски кој во тоа време беше министер. Тарчуловски ја вршеше функцијата инспектор за придружба во службата за обезбедување на претседателот Борис Трајковски.

Во октомври неделникот Република објави анализа во која неколку извори тврдеа дека во Март 2013 Тарчуловски би можел да се врати во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top