| четврток, 6 декември 2018 |

„Филигрански моменти“ – изложба на филигрански накит на Илина Поповска

Илина Поповска, уметница која изработува филигрански накит, утре во „Концепт 37“ (20.30 часот) ќе има изложба „Филигрански моменти“.
filigran
Изложбата се состои од четири тематски целини, споени во едно. Ќе бидат изложени филигрански накит и неколку парчиња од „Дрвенград“, колекција на накит изработена од дрво и дрвени боички.
накит
– Во 2005 година почнав со изучување на филигранскиот занает во златара „Рубин”. По завршувањето на преквалификациската обука останав во „Рубин“ на доусовршување на знаењето од областа на филигранството и рачната изработка на сребрен накит сѐ до 2007 година.  Во 2006 година првпат учествував на меѓународна групна изложба во „Златарна Кодре“ во Љубљана, Словенија, а првата самостојна изложба на авторски накит ја имав во рамките на фестивалот „Охридско лето“ во 2009 година – објаснува Поповска.
Таа го има изработено накитот што Калиопи ги носеше на „Евровизија“ во 2012 година.
илина
Поповска има повеќе заеднички и самостојни изложби, меѓу кои вредни за споменување се: првата групна филигранска изложба на авторски накит од Македонија поставена во Куршумли-ан, учестувала на „Шангај ворлд експо“ како дел од тимот што ја претставувал Македонија на оваа светска манифестација, била дел од групната изложба од работилницата за современ накит во „Мала станица“ под покровителство на Министерството за култура и претседателот Ѓорге Иванов…
Освен филигрански накит, Поповска изработува и накит од дрво.
ilina02
– За овој накит користам ореово дрво кое некогаш го комбинирам со различни материрјали, најчесто со дрвени боички – вели Поповска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top