Во Друштвото на писателите на Македонија, денеска беше промовирана книга со до сега непознати текстови од истакнатиот македонски поет Ацо Шопов, под наслов „Од Исарот до Мамел“.
Станува збор за збирка со раскази и патеписи, објавени во издание на „Макавеј“ од Скопје, а во редакција и со предговор на Блаже Китанов. За книгата на Ацо Шопов ќе зборува Соња Стојменска Елзесер, а текстовите ќе ги чита Александра Велинова. Средбата се одржува во рамките на манифестацијата Денови на македонските издавачи во ДПМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.